Марго Роби ќе ја глуми Барби, најславната кукла на светот

Марго Роби ќе ја глуми Барби, најславната кукла на светот
САД- Една од најубавите холивудски актерки Марго Роби, ќе ја глуми најпознатата кукла на светот-Барби, откако Ејми Шумер и Ен Хатавеј ја одбија. Филмот ќе се емитува во 20120 година, а Роби ќе биде досега најмладата и најслична на куклата, Барби.

Славната кукла Барби годинава полни 60 години и не се предава, бидејќи годишно од неа се продаваат по 58 милиони куклу во повеќе од 150 земји.

Русокоса или бринета, со исправена или со навиткана коса, со бел или со црномурест тен, принцеза или претседателка, Барби отсекогаш е омилена играчка на малите девојчиња.

-Во индустријата за играчки, каде успехот трае од три до пет години, 60 години е голема работа, изјави директорот на глобалниот бренд „Барби“.

[caption id="attachment_18012" align="alignnone" width="780"] LOS ANGELES, CA - JANUARY 21: Actor Margot Robbie attends the 24th Annual Screen Actors Guild Awards at The Shrine Auditorium on January 21, 2018 in Los Angeles, California. (Photo by Frazer Harrison/Getty Images)[/caption]

Барби своето деби го имаше на американскиот саем за играчки во Њујорк на 9 март 1959 година, каде се појави првпат. Од тогаш се продадени повеќе од милијада вакви кукли ширум светот.

 

 

Споделување со вашите пријатели: