Зголемен бројот на полицајци пред британскиот Парламент поради вербално насилство

Зголемен бројот на полицајци пред британскиот Парламент поради вербално насилство
Лондонската полиција соопшти дека го зајакнала присуството пред британскиот Парламент, откако околу 55 пратеници се пожалиле на вербално насилство во време кога се интензивира дебатата за Брегзит.

Лондонската полиција се одлучи на овој чекор откако демонстранти  пратеничката на Конзервативната партија Ана Субри повеќе пати ја нарекле „нацист“ додека вчера се обидувала да разговара за Брегзит за време на интервју за една телевизија.

Полицијата истакна дека се обидува да утврди дали е направен некаков прекршок за време на инцидентот.

Портпаролот на британската премиерка Тереза Меј рече дека таа на состанок му пренела на својот Кабинет дека „тоа не е начин на кој би требало да се дебатира во Британија“.

Заменикот на помошникот – комесар во лондонската полиција Лоренс Тејлор рече дека дополнителни мерки за безбедност веќе се воспоставени.

Споделување со вашите пријатели: