Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Верувајте си повеќе и не држете се толку цврсто за работите: Месечината во Водолија ќе ви помогне да го проширите своето разбирање за светот и сега успевате да дојдете до резултати кои ќе ви причинат задоволство. Меркур во Јарец ве повикува на штедење и правење буџет и напредувате умешно како маг.

БИК: Уште рано изутрина размислувате како да го унапредите своето знаење и барате совет од повозрасен ментор, кој има непристрасна природа. Комуникацијата е телепатска: тој дава насоки, а вие ги извршувате со големо задоволство! Којзнае во што може да прерасне овој однос. Ангелска заштита.

БЛИЗНАЦИ: Под влијание на Месечината од Водолија, пред вас се отвораат шанси за романса: како распослана трпеза, резервирана за двајца. Нема потреба од брзање, би можеле да доживеете фијаско, затоа внимавајте колку залаци ставате во уста, како се држите, своите манири и гестови... Успевате, нема што!

РАК: Не брзајте да го изгасите шумскиот оган со кофа за полевање на цвеќиња, туку добро засукајте ракави и фатете се за тимска соработка. Да, напорно е и сите влечат на својата страна, но вашата со широкоградост успевате да ги надминете разликите. Имате и добри идеи! Што можете да му понудите на светот? Визија.

ЛАВ: Денес е добро да внимавате пријатели: дали сте врзани со рокови или друг вид на договори? Нешто ќе успеете да постигнете, но на нешто ќе му завртите грб - толку е, одете си порано дома или излезете во град на прошетка. Не дремете во некое темно катче, туку придвижете се со некоја конкретна намера. Планирајте.

ДЕВИЦА: Нема потреба да избрзувате, би можеле да се соочите со колапс: блокади и одолговлекувања. Сменете го ставот и дигнете ги нозете на маса, потпирајќи се како успешен бизнисмен, кој што ги трие задоволно рацете од сработеното. А за заработеното и да не говориме! Креативните проекти напредуваат успешно.

ВАГА: Во рацете држите докази: дојдовте до откритија за кои што се прашувате дали да ги објавите. Процесирајте ги умерено новите информации и најдете ја мудроста во сето тоа. Ова е нов почеток и другото треба да остане во минатото. Вашето природно чувство за баланс ќе ви го открие решението. Задоволство.

СКОРПИЈА: Сега не е време да седите како маченик не можејќи да го чуете гласот на рационалноста: некои работи ви беа откриени со време. Ова е време на промени и кој преживее, ќе се здобие со длабока мудрост за вистинските мотиви на одредени личности. Повлечете се да размислите каде грешите.

СТРЕЛЕЦ: Прекрасен ден, во кој што не е добро да брзате. Добро, можеби копчето веќе светка црвено, но тајмингот не е идеален, затоа почекајте. Верувајте дека сте водени од повисоки сили, а тоа се убавите аспекти кои ќе ве доведат до весело друштво и некој вид на прослава. Чекорете бавно, сигурно и задоволно. Радост.

ЈАРЕЦ: Ова е момент кога треба да ја чуете и другата страна: бидете рецептивни и ќе научите многу. Вежбајте го увото да ги начуе промените, за да може да реагирате во соодветно време. Среќен период во кој што вешто ги користите своите таленти и ги покажувате атрибутите како убавица на плажа. Без срам!

ВОДОЛИЈА: Го распостелате сиот свој шарм и природен хуманизам, како прекрасна наметка со необична шара: имате разбирање и совет за сите. Она што би сакале најмногу во текот на денот е да побегнете на некое место, каде што би уживале во луксуз со блиските. Така би можеле да се здобиете со нова перспектива.

РИБИ: Ова е време за прецизност: повеќе работи ви лежат на умот и веќе ги препознавате шемите по кои се одвиваат работите. Некој самобендисан господин би можел да ве навреди немајќи слух за вашите потреби. Сè што светка не е злато, затоа избирајте добро на што вреди да се фокусирате. Промени.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: