Мурињо подготвен да се врати во Реал

Мурињо подготвен да се врати во Реал
Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, е подготвен повторно да го предводи Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми. За да се случи тоа, раководството на „кралскиот клуб“ мора да исполни два услови.

Клупските лидери не се задоволни од настапите на тимот предводен од Сантијаго Солари. Викендот Реал на „Сантијаго Бернабеу“ загуби Реал Сосиедад со 0:2.

Според „Мундо Депортиво“, претседателот на клубот Флорентино Перез веќе имал разговори со Португалецот.

Мурињо е подготвен да се врати во Мадрид, но постави два услови. Тој сака Реал во зима да се засили со централен играч од средниот ред и напаѓач.

Реал Мадрид е петти во шпанската Примера со 30 поени во 18 натпревари. Мурињо беше отпуштен од Манчестер јунајтед во текот на сезоната. Тој веќе работеше во Реал Мадрид од 2010 до 2013 и го освои шпанскиот шампионат, купот и Супер купот со тимот.

Претходно беше објавено дека Мурињо ја одби понудата да стане тренер на Бенфика.

Споделување со вашите пријатели: