Уапсен најбараниот хакер во Германија

Уапсен најбараниот хакер во Германија
Германскиот магазин „Шпигел“ на својата интернет-страница објави дека е уапсено 20-годишно момче кое е осомнично за една од најголемите кражби на податоци во историјата на Германија, со која се погодени стотина германски политичари. Момчето ја признало вината, пренесува Ројтерс.

Се наведува дека истражителот на Канцеларијата на федералната криминалистичка полиција, која се занимава со овој случај, рекол оти осомничениот изјавил дека не бил свесен за размерот на последиците од неговата постапка и дека засега ништо не укажува на каква било поврзаност со странските безбедносни служби.

Германската канцеларка Ангела Меркел е меѓу политичарите погодени од голем хакерски напад во кој се објавени лични податоци, вклучително и информации за кредитните картички и броевите на мобилните телефони.

Споделување со вашите пријатели: