Германија: Уапсен човек осомничен за протекувањето информации за јавни личности

Германија: Уапсен човек осомничен за протекувањето информации за јавни личности
Германската полиција соопшти дека денеска уапсила човек осомничен за протекувањето лични податоци на стотици политичари, јавни личности и новинари во декември.

Мажот е идентификуван како 20-годишник од западната созјуна покраина Хесен. Според полициски извори, тој го признал делото.

Германската јавност во петокот беше погодена со информацијата дека бројни приватни телефони, фотографии и пораки на полиитчари и јавни личности се објавени на интернет преку Твитер налог.

Огромното количество податоци што хакерите го објавија на интеренет се однесува на приватна коресподенција на стотици политичари на сите нивоа, но и некои јавни личност и и новинари.

Нивото на политичка штета засега не е познато.

Споделување со вашите пријатели: