Марадона: Меси никогаш нема да биде лидер

Марадона: Меси никогаш нема да биде лидер

Аргентина- Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона е убеден дека напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, не може да стане лидер на репрезентацијата.

Според него, Меси мора да игра поинаква улога.

-Го сакам со сето свое срце. Тој е феномен. Но, тие сакаат да го направат лидер, а тој никогаш нема да биде лидер. Тој секогаш ќе остане во неговиот спортски, фудбалски и семеен свет, изјави Марадона.

Меси досега има освоено се на клупски план, но му недостасува трофејот од Мундијалите со националниот тим на Аргентина.

Споделување со вашите пријатели: