Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Точно е пријатели, планетите во Јарец ве фокусираат повеќе на она што го немате, отколку на она за што би требало да сте благодарни: Месечината во Водолија ќе ви помогне да го најдете вистинскиот баланс и композиција и би можеле вешто да минете низ бојното поле неповредени. Одложете ги одлуките.

БИК: И покрај сите потешкотии, во последен час се јавува нова идеја за која ќе треба да се завземете храбро: само така ќе ја вратите својата добросостојба и ќе пораснете во очите на авторитетите. Речиси сѐ е исто, но сепак работите се сменети: дипломатски им се обраќате на оние кои се желни да ве чујат. Успех!

БЛИЗНАЦИ: Месечината во Водолија го осветлува вашето небо: сега сте сигурни во своите емоции и со задоволство ќе сакате да ги споделите, барајќи начин да се осигурате на финансиски, но и на емоционален план. Чекорите гордо во друштвената арена и го покажувате својот рафиниран интелект. Дипломатија.

РАК: Нема потреба да мислите дека забавата се случува таму некаде на друго место: не е време за апатија. Добро, можеби погрешивте и кажавте некој збор отповеќе, но не е страшно, извлечете се тивко на прсти. Барате потпора во некоја сензитивна личност, полна со шарм и сочувство. Опуштете се малку. Такт.

ЛАВ: Венера во Стрелец ве поттикнува на дружење и емоционални изливи, но сепак сега е поволно да се повлечете на кратко, за да добиете појасна слика за работите. Ова не е време кога треба да откриете сѐ што знаете, напротив, можеби нешто и треба да сокриете, со цел да загосподарите со ситуацијата.

ДЕВИЦА: Работите на повеќе креативни проекти и со голема интуиција го бирате најдоброто за цело семејство: приватно и професионално. Како рана утринска роса капната на земјата, се чувствувате подмладено и освежено. Не брзајте при носењето на одлуки: не сѐ што тропка е оружје. Бидете мудри во расудувањето.

ВАГА: Денес во фокус доаѓа вашиот карактер: брзо ќе се покажете од какво железо сте исковани! Нови и свежи идеи, со прогресивен карактер ќе го забрзаат ритамот на вашето срце - како само на тоа да чекавте. Покажете ја сета своја елеганција и софистицираност, каде и да појдете и заборавете на емотивниот багаж. Мир.

СКОРПИЈА: Добро одморени и освежени влегувате во новата работна недела. Вашиот оптимизам е речиси заразен и преоѓа на сите без потешкотија. Како мистик од некоја далечна земја, делувате терапевтски врз другите и тие со задоволство ви ја враќаат вложената енергија. Обрнете внимание дома и на најблиските. Среќа.

СТРЕЛЕЦ: Во интимната сфера се појавуваат спротиставени мислења: ова е време за одлуки, а сепак како да ви се врзани очите. За сега уживајте во случајните средби со помлади личности или пак во друштво на старите пријатели. Пед вас е ден со должности, затоа почнете со лесна нота. Потоа продолжете посериозно.

ЈАРЕЦ: Со директниот Уран во Овен тркалото на среќата повторно се врти во ваша полза. Сега ќе може да се потпрете на советите на некоја зрела женска личност, која има логични и објективни идеи. Се радувате на скорешната средба и се припремате како да го извлечете најдоброто од оваа ситуација. Давате дарови.

ВОДОЛИЈА: Под впечаток на празниците и денес славите. Всушност, вие би сакале да го живеете животот како да е вечно славење, а најверојатно и оваа вечер ќе ја минете во пријатна вечера и по некоја песна. Работите полека се враќаат во нормала и приоритетите се менуваат. Имате кому да се дадете - уживајте сега!

РИБИ: Она по што сте познати, а тоа е длабоката интуиција, ќе биде нагласена денес: ќе бидете во ситуација да одберете нешто, но без легални последици. Како да имате змии отровници околу глуждовите, ќе треба вешто да чекорите за да избегнете криза. Послушајте го советот на некоја помлада и сензитивна личност.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: