Валверде: Не мислам на другите, треба да си ја завршиме нашата работа

Валверде: Не мислам на другите, треба да си ја завршиме нашата работа
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде повика да нема опуштање во редовите на тимот по победата со 2:1 над Гетафе во 18-тото коло на Ла Лига.

Барса е лидер на табелата во шпанското првенство со 40 поени, на 5 пред вториот Атлетико Мадрид, а Реал Мадрид е шести во моментот со 30 поени.

– Знаевме какви се другите резултати пред нашиот натпревар, но бевме под напон, затоа што моравме да ја искористиме можноста. Не мислам толку за другите тимови, туку за нашата работа што треба да ја завршиме. Мило ми е што не дозволивме да се случат проблеми, изјави Валверде по синоќешниот дуел.

Споделување со вашите пријатели: