Милан го објави привлекувањето на Пакетa

Милан го објави привлекувањето на Пакетa
Италијанскиот гигант Милан го објави привлекувањето на бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета, од тимот на Фламенго.

Фудбалерот, роден 1997 година, потпиша договор со кој се врза за Милан во следните четири и пол години. Веста беше објавена на официјалната страница на „росонерите“.

„Милан денес сака да го објави привлекувањето на Лукас Толентино Куељо де Лима (Пакета) од Фламенго. Бразилецот потпиша петгодишен договор до 30 јуни 2023 година. Лукас Пакета ќе се приклучи на своите соиграчи од Милан на 7-ми јануари, кога ќе се обноват тренинзите на тимот“, се вели во соопштението.

За правата на Пакета, Милан плати 35 милиони евра, а се шпекулира дека Фламенго може да добие уште 10 милиони евра бонуси.

Споделување со вашите пријатели: