Вакциналните пунктови ќе работат и за викенд

Вакциналните пунктови ќе работат и за викенд
Од Министерството за здравство информираат дека за време на викендот, на 5 и 6 јануари 2019 година, вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот.

Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, пунктовите ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот, известуваат од Министерството.

Споделување со вашите пријатели: