Бајруш Мјaку: Бараме институционализација на Детскиот театарски центар од Чаир

Бајруш Мјaку: Бараме институционализација на Детскиот театарски центар од Чаир
Актерот и директор Бајруш Мјaку во интервју за МИА вели дека ќе побара институционализација на Детскиот театарски центар од Чаир со цел да стане првиот Театар за деца и младинци на албански јазик.

- Со финансиска поддршка од Општина Чаир за одржување на објектот, изминатата година успеавме да реализираме три премиери и 98 репризи, што е голема бројка и гордост за нас ангажираните во овој театар. Во 2018 година остваривме 101 детска претстава за ученици од училишта на Општина Чаир, Град Скопје и околината. Аплициравме за институционализација на оваа институција и да го трансформираме Детскиот театарски центар во Театар за деца и млади, кој ќе биде единствениот на албански јазик и да биде под финансиска поддршка на Министерството за култура, Владата - вели Мјaку.

Според енго, политиката е навлезена во сите пори на општеството, па не е исклучок ниту културата.

„Политиката, како и во сите други институции, и во културата има свое влијание. Во моите изјави сум кажал дека политиката нашла свој начин како да навлезе дури и во џамија, таму каде што верниците одат на молитва, а камоли во културните и здравствените институции. Во однос на тоа дека директорите на институциите се поставуваат од партијата која е во владина коалиција, постојано кога се менува коалицијата се менуваат и директорите со својот тим. Но тоа што ме загрижува најмногу е дека ако директорот е член на таа партија, која е во владина коалиција, зошто и актерите треба да бидат во таа улога, кога актерот воопшто и секаде на светот и посебно јас лично имам претпочитано да бидам секогаш опозиција на власта, но како што вели доктор Стокман во „Непријателот на народот“ од Ибсен: „И опозицијата на опозицијата“. Значи, во секој момент кога партијата или луѓето кои ја раководат партијата или биле погласни во партијата или во владината коалиција, кога не биле во право сме знаеле да им кажеме дека не е така и дека треба да се најде друг пат. Би сакал во иднина политиката да е многу далеку, надвор од сите културни, образовни и здравствени институции. Би сакал луѓето кои се занимаваат со креативност и култура да ги заборават боите, да не бидат обоени партиски и да бидат свои, но, за жал, таквите се малку и тоа ме загрижува“, вели Мјaку.

Споделување со вашите пријатели: