Почнува сезоната на награди во Холивуд: В недела „Златен глобус 2019“

Почнува сезоната на награди во Холивуд: В недела „Златен глобус 2019“
САД- Во недела ќе се одржи првото доделување на награди во Холивуд, 76-та церемонија на доделување на Златните глобуси за 2019, за ТВ шоуа и филмови, во хотелот „Беверли Хилтон“ на Беверли Хилс. Водители се актерите Сандра Ох, добитничка на Златен глобус во 2006 година и  и Енди Самберг , добитник на два Златни глобуса.

„Златниот глобус“ годинава ќе го следат 210 земји од светот и во филмскиот свет важи за предвесник за Оскарите. „Vice“ со шест номинации води пред „A Star Is Born“ и „Green Book“ и „The Favourite“ кои имаат по пет номинации. Ќерката на Идрис Елба, најсеки мажот за 2018 според„ Пипл“ Исан Елба е годинашен амбасадор на Златниот глобус, а актерот Џеф Бриџис е добитник на почесниот Златен Глобус „Сесил Б. Демил“ , кој го доделуваат странските новинари, акредитирани во Холивуд.

 

Споделување со вашите пријатели: