Книгите на Гијом Мисо најпродавани во Македонија за 2018.

Книгите на Гијом Мисо најпродавани во Македонија за 2018.

 „Ако не постои утре“ и „Девојката од Бруклин“ од Гијом Мисо и „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ од Александар Алексов се најпродавани книги во Македонија за 2018 година.

КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, ја објави листата на 20-те најпродавани книги во 2018 година. Читателите повторно го ставија на првото место авторот Гијом Мисо.

Четврта година по ред книгите на Мисо се најактуелни на КупиКнига.мк.

– Секоја година се трудиме да ги задоволиме сите вкусови и да ја збогатиме нашата понуда со

најразличен жанр. Нудиме одлична опција за подароци за празниците, за безброј различни вкусови и

желби. Има ли нешто подобро од тоа да подариш книга и таа да стигне каде и да посакаш во светот и да донесе огромна радост затоа што ова е подарок кој не ја губи својата вредност, изјави Елена

Темелковска, Оперативен менаџер на iVote.

Целосна листа на топ 20 најпродавани книги во 2018 година:

1. Ако не постои утре – Гијом Мисо

2. Девојката од Бруклин – Гијом Мисо

3. Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината – Александар Алексов

4. Девојката и ноќта – Гијом Мисо

5. Апартман во Париз – Гијом Мисо

6. Математика 4, Збирка задачи со тестови и активности – Јадранка Клисарова

7. Точка на измама – Ден Браун

8. Во еден момент – Гијом Мисоо

9. Ноќ и ден – Вирџинија ВУЛФ

10. Душокршачот – Себастијан Фицек

11. Мојата македонска приказна: каде одиш, Македонијо! – Љубчо Георгиевски

12. ЦРНА КАКО АБОНОС – Сала Симука

13. Приказната на робинката – Маргарет Атвуд

14. Тори и принцот-змија – К.В. Јохансен

15. Крадец на воздишки – Александар Алексов

16. БЕЛА КАКО СНЕГ – Сала Симука

17. Совршената замена – Грир Хендрикс

18. Куферот од Берлин – Јелена Бачиќ Алимпиќ

19. Благодарам – Ана Салтирова Давидовски

20. Понекогаш лажам – Алиса Фини

Споделување со вашите пријатели: