Џерард го привлече Дефо во Ренџерс

Џерард го привлече Дефо во Ренџерс
Напаѓачот Џермејн Дефо стана првото зимско засилување на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс. Поранешниот англиски репрезентативец ќе ги помине следните 18 месеци на „Ајброкс“ како позајмен од Борнемут.

Според „Скај Спортс“, сепак, договорот дава две опции за „црешите“ за враќање на играчот. Според првата, тоа може да се случи летото 2019, а другата во јануари 2020 година.

Триесет и шест-годишниот фудбалер дефинитивно го загуби своето место во Бoрнемут, за кој одигра само четири натпревари во тековната кампања и се уште не постигна гол. Во минатата, ветеран, исто така, не беше особено плоден, релизирајќи само 4 погодоци.

За Ренџерс, сепак, неговото искуство ќе биде вредно. Во својата кариера, Дефо имаше импресивни 496 дуели во Премиер Лигата со 163 погодоци.

Споделување со вашите пријатели: