Заев: Веќе немаме проблеми за реализација на капиталните инвестиции

Заев: Веќе немаме проблеми за реализација на капиталните инвестиции
Изградбата на патиштата и железницата, како и гасификацијата на државата ќе бидат во фокусот на Владата за реализација на капиталните инвестиции во 2019 година, најави денеска премиерот Зоран Заев и додаде дека веќе се отстранети сите проблеми во проектните документации што беа пречка за поголема реализација на капиталните инвестиции во минатата година.

Сепак, како што рече, нивото на реализација на капиталните инвестиции во 2018 година достигна до 67 отсто, но, додаде, не се задоволни од реализираното.

-За разлика од минатата година сега немаме проблеми во проектните документации и немаме претходни прашања за решавање. Потпишан е дури и грантот со ЕБОР од 68,6 милиони евра за втората фаза на железницата кон Бугарија и конечно е направен договорот за старувањето на блокираната прва фаза на коридорот 8 за железницата. Очекуваме интензитетот на работите да се засилува на првата фаза, а ако евалуацијата за втората фаза заврши во првите два, три месеци од годинава и се избере изведувачот во вториот квартал ќе влезе во изградба и овој дел од железницата во вредност од 147 милиони евра во кои влегува и грантот од 68,6 милиони евра, рече Заев во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Министерството за финансии.

Нагласи дека се решени имотно-правните односи за изградбата на гасоводот во Скопје, Тетово и Гостивар, а 58 проценти од експропријацијата веќе е решена и за делот од Гостивар кон Кичево.

-Се надевам дека тоа ќе даде поттик на изградбата на централниот гасовод во земјава, а во втората половина од годинава очекувам да почне и изградбата на секундарната мрежа во Скопје и во општините, рече Заев.

Во моментов, додаде, во патната инфраструктура се реализираат 25 до 26 делници иако е зимски период.

-Продолжуваме со ист интензитет. Пари имаме обезбедено. Имаме и повеќе од 100 милиони готови проекти за водоводи и канализации што останува само електронски да се доработат за да можеме пролетва веднаш да почнеме со реализација. За 2019 година проектиравме раст од 3,2 проценти, но јас најавив дека амбициите се уште поголеми. Ако постигнеме раст од четири проценти во првиот квартал значи дека доаѓа сериозна економска  активност и заживување на економијата во Република Македонија, посочи Заев и најави дека по пат на јавно приватно партнерство се обидуваат да најдат стртешки партнер кој ќе инвестира во хидроцентралите Чебрен и Галиште, во втората половина од годинава да почне изведбата на клиничкиот центар,…

 

Споделување со вашите пријатели: