Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Со Марс во вашиот знак се залагате за поголема независност во односите, но внимавајте да не си играте со чувствата на луѓето и избегнувајте фриволно однесување - сепак овде не сме на натпревар. Стиснете ја устата од време на време и не ризикувајте со неодговорно поведение. Дури и на работното поле.

БИК: Посветете им се со големо внимание на работите, како кога распалувате огин: ако го дувате пресилно, ризикувате некоја искра да летне на страна и да пламне пожар; ако сте премногу нежни, огнот може и да згасне и тука се комлицираат работите. Задржете ја својата автономија и имајте имагинација за новите шанси.

БЛИЗНАЦИ: Конечно неколку љубовни изненадувања и за вас, пријатели: нови средби, покани за вечера или возбудлива журка - можно е сето ова да се случи одеднаш! Како да сте на плажа послана со многу пешкири - малку лево, чекор десно и полека ќе дојдете до шанкот со мохито. Внимавајте цевчето да не ви влезе в око!

РАК: Нема потреба да сте толку силно фиксирани на еден сегмент, така само ќе си предизвикате нервоза и стрес. Ако се обидете со друга рутина и почнете повеќе да слушате, ќе се здобиете со подлабока димензија - некои работи се невидливи за окото, затоа е добро да чуете што ви се сугерира. Решителност.

ЛАВ: Ах, ова е денот кога сигурно нема да ги пропуштите љубовните радости кои ви се нудат сами од себе - страсно мотивирани, со голема енергија и ентузијазам доаѓате до среќа и романтично исполнување! Бидете подготвени да ве повикаат секој миг, спремете ја својата тоалета. Секако и својата сјајна насмевка.

ДЕВИЦА: Наплив на страсти, срцето чука со забрзан ритам: обновена љубов во старите врски или сосема нова страст! Убав ден и полн со оптимизам, а може да го забележите со црвено на својот календар. Ако одлучите да поработите, повлечете се во приватност, каде ќе ви биде попријатно. Ова се трајни проекти.

ВАГА: Можеби ќе треба да измислите нов јазик, ако не успевате да се разберете со стариот. Обидете се со глума или мимика и можеби подобро ќе бидете разбрани. Нема потреба од манипулација и слатки зборови полни со воздух, најверојатно носат скриена порака. Сортирајте што е важно, а што не. Одморете.

СКОРПИЈА: Марс во вашето шесто поле ви носи нови контакти и ова е прекрасен период да се разиграте со сите можности, како дете на плажа правејќи кули од песок. Бидете креативни и размислувајте во нов контекст, така ќе дојдете до безброј нови можности за напредување. Играта е искра која блеска во човечкото срце.

СТРЕЛЕЦ: Можеби некој сака да ви наметне чувство на итност, но навистина нема потреба за тоа - работите ќе се средат во текот на денот. Можно е да дојдете во контакт со личност која што ќе ве шармира, но нејзините мотиви не се сосема чесни или јасни. Обидете се подлабоко да се поврзете и да се прегрнете на невидлив план.

ЈАРЕЦ: Добро е да го смените пристапот кон интимната сфера и тоа објавете го јавно. Барајќи ја вистината, се губите во материјалниот комфор, а треба да сте спремни да се реорганизирате, да ги смените распоредите и должностите со колегите, да прејдете во друг одел или напредувате. Влијателна жена има слух за вас сега.

ВОДОЛИЈА: Не сте особено амбициозни, повеќе сакате да чекате за вашиот ред. Избегнувајте можни дебати со тврдоглави луѓе и повлечете се отколку да бидете вовлечени во дуел. На професионален план може ќе ви е тешко да задржите баланс, но бидете барем објективни. Направете жртва. Без паника.

РИБИ: Петок и вие сте вљубени, распалени и распаметени - сериозна сензуалност ви струи низ вените. Нема да се плашите од екстремни чувства: страст, љубомора, желби, но надевајте се дека и другата страна го чувствува истото за вас. Ќе внимавате на нагласената нетрпеливост и импулсивност. Паузирајте, земете здив.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: