Ким Кардашијан и Кање Вест чекаат четврто дете

Ким Кардашијан и Кање Вест чекаат четврто дете
САД- Семејството Кардашијан изгледа дека повторно се проширува.  Според „Пипл“  Ким Кардашијан и Кајне Вест очекуваат бебе преку сурогат мајка. Четвртото дете на Ким и Кање е веќе на пат и дека треба да се роди на почетокот на мај.

Лани, во јануари, старлетата и музичарот добија трето дете, ќерката Чикаго, додека останатите две деца, Сент и Норт веќе растат пред „очите“ на фановите.

2018 беше година на Ким Кардашијан. Беше избрана за највлијателна славна личност од Советот на модните дизајнери во САД и влезе во Белата куќа каде дискутираше со американскиот претседател Доналд Трамп за затворските реформи.

Споделување со вашите пријатели: