Кралица Елизабета: Твиги и Бејли со новогодишни почести во 2019

Кралица Елизабета: Твиги и Бејли со новогодишни почести во 2019
Англија- Кралицата Елизабета Втора им подари почести на имиња од светот на уметноста и модата како дел од нејзината Листа за Новогодишни почести за 2019 година. Одбраните ќе ја добијат својата награда во Бакингемската палата во различни периоди во текот на следните неколку месеци.

Кристофер Бејли е еден од добитниците оваа година. Бејли, кој беше претседател и главен креативен директор на „Барбери“ до март и кој претходно беше главен извршен директор, ќе ја добие наградата „CБE“, или „командант на најдобриот ред на британската империја“, за неговата работа во британскиот моден бренд. Ова е втора кралска награда на Бејли: Тој веќе поседува „МБЕ“, или „господар на најдобриот ред на британската империја“, кој го доби во 2009 година.

Твиги, исто така, има добиено признание од британската кралица. Моделот и музата на Енди Ворхол, чија „пикси“ фризура ја дефинираше модата на шеесеттите години, ќе биде именувана како „дама-командант на најдобриот ред на Британската империја“.

Дафни Селф, најстариот модел на Британија на возраст од 90 години која е сѐ уште активна, доби признание за создавање можности за постарите жени во индустријата за моделирање. Таа ќе добие медал од британската империја.

Селф неодамна објави книга насловена „Начинот на кој се носевме“, а исто така се појави во рекламни кампањи за брендот „Ајко“.

На листата се вбројува и актерката Тенди Њутн, која ќе добие „OБE“, или „офицер на најдобриот ред на британската империја“, додека Маргарет Атвуд ќе го добие признанието „почесен придружник за услуги во литературата“.

Претприемачот Амали де Алвис, од невладината организација „Код за девојки“, ќе добие „МБЕ“ или „член на најдобриот ред на британската империја“.

Споделување со вашите пријатели: