Почина актерот Марко Николиќ, Попадиќ од серијата „Подобар живот“

Почина актерот Марко Николиќ, Попадиќ од серијата „Подобар живот“
Вчера замина уште еден од великаните на поранешната југословенска кинематографија. Актерот Марко Николиќ, најпознат по улогата на Гига Моравац или Попадиќ од серијата „Подобар живот“ почина во болницата во населбата Звездара во 73-тата година од животот. Веста за неговата смрт ја објави неговата ќерка, Мина со заедничка фотографија на фејсбук и годината на раѓање и смртта на нејзиниот татко.

Марко Николиќ е роден во Краљево на 20 октомври 1946 година. Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Бил член на Народниот театар од 1970 година. Најголем број на улоги одиграл во театарот, на филм и на телевизија. Славата ја стекна со улогата во ТВ серијата „Подобар живот" (1987, 1990), како и улогата на караѓорѓе во неколку ТВ-драми и во серијата „Вук Караџиќ". Николиќ има остварено многу импресивни улоги и во филмовите „Девојачки мост", „Ужичка република, „Бошко Буха", „Петрин венац", "Дневник на навреди", „Кордон".

За исклучителниот придонес во југословенската кинеатографија, во 2012 година ја доби наградата за животно дело „Павле Вујисиќ". Од телевизиските улоги најпознати му се во "Докторка на село", „Светозар Марковиќ", „Шеста брзина, „Среќни луѓе", „Крајот на династијата Обреновиќ" „Горе Долу", „Сенки на Балканот".

Последната улога на телевизија ја оствари во серијата „Погрешен човек". Високо признание, кое се доделува за извонредни заслуги и достигнувања во јавни и културни активности, Николиќ доби на 14 февруари, мината година на церемонијата по повод Националниот ден на Република Србија.

 

Споделување со вашите пријатели: