Леди Гага со своја козметичка линија: Шминка, парфем и нега за тело

Леди Гага со своја козметичка линија: Шминка, парфем и нега за тело
САД- Поп-ѕвездата Леди Гага промовира своја козметичка линија „Куќа на убавината“ која вклучува шминка, парфем и линија за нега на телото.

Гага веќе има искуство во козметичката индустрија. Во 2009 и 2010 дизајнираше кармин и сјај за уста за „М.А.К.“ и парфем „Фејм“ заедно со „Коти“.

Ѕвездата го започна двогодишното шоу во Лас Вегас замислен како „Енигма“ –концерти со поп-музика и Џез и пијано шоу- со оригинални песни. Првиот концерт се одржа на 28 декември, а ќе има 74 концерти.

„Варајети“ пренесува дека ѕвездата за секоја вечер настап ќе инкасира по 1 милион долари што е двојно повеќе од настапите на Селин Дион и Бритни Спирс во Лас Вегас.

Лани пејачката  се сврши со својот агент Кристијан Карино (49). Гага зад себе има една пропадната свршувачка со актерот Тејлор Кини, со кој прекина во јули, 2016 година, поради пренатрупаниот распоред.

Поп-ѕвездата е актуелна со филмот  „Ѕвездата е родена“-режисерско деби на актерот Бредли Купер.

Споделување со вашите пријатели: