Северина славеше на Малдиви

Северина славеше на Малдиви
Хрватската пејачка Северина Којиќ од Малдиви им ја честиташе Новата година на фановите.

„Во Новата година ви посакувам да се вратите во детството, кога сте биле мали, невини, нерасипани, кога сте биле млад софтвер во кој разноразни погрешни луѓе, тешки ситуации, болести, понижувања на сите полиња, кавги дома, на работа, од мали прекрасни суштества направиле она што сте денес“, пишува Северина во долгата Инстаграм порака, во која бара од Дедо Мраз „да не врати на фабричките поставки“.

Северина е на Малдиви заедно со сопругот Игор и синот Александар.

Споделување со вашите пријатели: