Почина израелскиот книжевник Амос Оз

Почина израелскиот книжевник Амос Оз
Амос Оз, еден од водечките израелски книжевници, почина од рак во 79-та година од животот.

Веста ја објави неговата ќерка, историчарката Фаниа Оз-Салзбергер.

Неговото автобиографско дело „Приказна за љубовта и темнината“ беше адаптирано за филм во 2015 година и претставуваше режисерско деби на Натали Портман.

Поддршката на Оз за дведржавно решение за израелско-палестинскиот судир наведе некои во Израел да го обвинуваат како предавник, што тој го нарекуваше „медал на честа“.

– Многу пати во животот ме нарекуваа предавник. Мислам дека сум во одлично друштво. Историјата е полна со мажи и жени кои оделе пред своето време и биле обвинувани за предавство од некои свои современици, изјави Оз во интервју за Би-Би-Си во 2016 година.

Споделување со вашите пријатели: