Годишен хороскоп за 2019

Годишен хороскоп за 2019
ОВЕН:

Љубов: Следната година е момент кога ќе треба да се прават стратегиски потези, како кога двајца играат шах и на тој начин се избегне можната опозиција. Се јавува силно чувство за тоа како да маневрирате со судбината за да успеете, а ќе треба да ја надминете импулсивноста - научете да ја цените својата рецептивна црта.

Работа: Планетите во Јарец укажуваат дека и оваа година ќе има напорна работа, за која ќе треба да бидете поотворени. Работете тимски. Поздравете го светот!

Здравје: На моменти ќе се чувствувате истоштено, како вечит акробат кој што лета без мрежа под себе. Бидете умерени и учете се како да се штедите. Најдете баланс.

БИК:

Љубов: Ова е година кога е добро да ги знаете своите следни чекори однапред - минатата година со Уран во вашиот знак ги почувствувавте нужните промени, а сега ќе треба да ги надминете сите дебати и итрини за да го постигнете саканиот статус. Биде објективни и зрели и научете кога да се повлекувате. Мир.

Работа: Добриот почеток зависи од повеќе работи: како џокеј, треба да имате трпение, вештина и добра позиција за да процветате. Прифатете поддршка. Имате избор.

Здравје: Толеранцијата е клучот со кој што ќе си го вратите мирот и својата добро состојба. Не фокусирајте се на минатото: ќе го поправите. Дружете се повеќе.

БЛИЗНАЦИ:

Љубов: Веќе долго време се чувствувате како да сте на натпревар и не можете повеќе. Ова е идеална година да ги најавите своите планови, без одолговлекувања. Јупитер во Стрелец ќе ви донесе убави шанси, како и контакти со луѓе од различни култури, зарем не сте среќни? Не отфрлајте ги овие понуди така лесно.

Работа: Социјалните врски и приоритети може да се менуваат рапидно - ќе треба да бидете остроумни и зрело да се соочите со животот што сакате да го живеете.

Здравје: Вашето здравје треба да ве служи одлично, а најмногу ќе ви помогне вродената смисла за хумор. Научете се да прифатите критика на своја сметка. Храброст.

РАК:

Љубов: Успеавте да се извлечете на време од условите кои што не ви одговараа и да го земете највредното со себе. Ќе треба да си ја вратите природната хармонија, да се прашате што сакате и да појдете во тој правец. Ако треба да избирате помеѓу повеќе опции, одберете ја онаа која ѝ е најдрага на вашата душа. Промени.

Работа: Планетите во Јарец ќе ве доведат во контакт со влијателни поединци, кои ќе ви посочат како да продолжите во иднина. Тоа се искусни луѓе и ќе ви помогнат.

Здравје: Ова е година со големи вложувања, затоа не дозволувајте да се истрошите пред време. Учете да се повлечете при првите симптоми на замор и да се релаксирате.

ЛАВ:

Љубов: Прашувате што ви е потребно за да напредувате? Погледнете ги добро работите, како професор кој што ѕирка низ очилата: ова е сегмент кој што бара вложување и инфузија на свежа сила. Ако успеете да ги погледнете работите низ туѓата перспектива и вашето разбирање ќе се продлабочи. Спуштете се од својот трон.

Работа: Бидете невини како јагне и ќе успеете да ги протуркате своите проекти. Имате поддршка од повеќе страни, а тоа е прекрасно. Полни сте со креативни идеи.

Здравје: Направете ги потребните анализи и читајте меѓу редови што ви говорат специјалистите: откажете се од штетните навики и ќе уживате во добро здравје.

ДЕВИЦА:

Љубов: Имате чувство дека остаревте чекајќи ги мистериите да се разјаснат. Ако ситуацијата е толку озбилна, значи одговорот е не, пријатели. Повлечете се. Но ако сè уште има смеење, емоции и хумор, можеби и ќе успеете. Имајте во предвид дека повеќе опции се пред вас. Нема потреба да брзате. Имајте такт.

Работа: Ве очекува напорна тимска работа, која што ќе го извлече најдоброто од учесниците. Ова се нови идеи кои треба да се имплементираат. Адаптација.

Здравје: Ако најдете време да не мислите на своите инвестиции толку интензивно, ќе успеете да ја сочувате добрата кондиција. Вратете си ја самодовербата. Сила.

ВАГА:

Љубов: Планетите укажуваат дека ова е годината кога ќе успеете да воспоставите свој идеал, а кој што ќе го мине тестот на времето. Ќе си дадете простор за размислување и реализираното ќе го објавите набрзо во јавност. Потребно ви е сигурно место каде што ќе живеете и љубите: отворете се повеќе. Верувајте.

Работа: Во срцето веќе знаете што треба да се направи: бидете реалистични и ќе успеете да ги помирите спротивставените страни. Од вас се бара објективност.

Здравје:

Ова е поле кое што ќе варира и ќе бара подобар слух и внимание од ваша страна. Дајте си време за одмор и забава, исто толку колку што и работите.

СКОРПИЈА:

Љубов: Со време бевте предупредени да не претерувате во ништо, особено во зајадливоста, а да поработите на својот однос и став. Научете дека дури и во поразот постои победа: изгубете ја битката, а добијте ја војната. Прифатете ја загубата со дигнитет и вашата грациозност ќе ви донесе нови шанси. Страсти.

Работа: Со што и да се соочите, добро е да знаете дека е по ваша заслуга. Нема потреба од плачење, дијагностицирајте ја ситуацијата и продолжете храбро напред.

Здравје: Во следната година е добро да го напуштите црно-белото размислување и да научите да го контролирате јазикот: почнете со постови. Направете контроли.

СТРЕЛЕЦ:

Љубов: Јупитер во вашиот знак е прекрасна поддршка на сите полиња, па така и на љубовното: научете да ги споделувате работите со саканите повеќе. Слушајте ја интуицијата и бидете весели во друштвената средина: луѓе со различна култура ќе ги споделат вашите интереси. Ова е година со силни изливи на љубов. Среќа.

Работа: На ова поле ќе внимавате и да не избрзувате: шанси има, но не се сите за вас. Замислете како да имате рендгенски вид: видете добро што лежи во заднината.

Здравје: Сега сте во добра кондиција и полни сте со сила - прашајте се каде би можеле да ја искористите конструктивно и патувајте повеќе. Најдете време и за одмор.

ЈАРЕЦ:

Љубов: Ова е момент за акција и кој означува започнување на нов проект за лично исполнување. Вашиот интимен живот станува приоритет и успешно се соочувате со предизвиците. Ако се соочите со промени, имајте ја на ум крајната цел и вложете поголем напор. Ако си заминувате, бидете барем грациозни.

Работа: Марс во Риби укажува дека се соочувате со остри зборови и итрина. Внимавајте на развојот на условите како барометар. Прифатете ја реалноста и ќе ја смените.

Здравје: Нема потреба од брзање, напротив, најдете време за прегледи на време и ќе избегнете ургентни ситуации. Балансирајте со дневниот ритам и режим. Диети.

ВОДОЛИЈА:

Љубов: Ова е година кога добро ќе ја глумите својата улога: со отворени погледи и хумани идеи ги привлекувате истомислениците. Потребна ви е дисциплина за да дојдете до саканото, но и да го следите протоколот. Ако сметате дека работите се претвораат во парада, повлечете се со време. Бидете сосема свои!

Работа: Ова е поле во кое што ќе треба да вложите напор за да ја одржите ситуацијата стабилна. Работете на тоа да бидете поистрајни и истражувајте повеќе. Патувања.

Здравје: Не бидете жртва на сопствените погрешни уверувања: откријте што навистина се случува. Балансирајте и здравјето ќе се подобри само од себе. Ослободување.

РИБИ:

Љубов: По долгогодишните напори и нејасни избори, ова е годината во која што сè ќе си дојде на место и ќе добие смисла. Ги наоѓате вистинските луѓе со кои ќе се согласувате на долги патеки. Внимавајте на говорот, своето однесување и манири и ќе уживате во незапаметена среќа. Сега ќе успеете да го остварите својот сон!

Работа: Ова поле укажува дека можеби ќе треба да се повлечете кога ќе треба да се прават важни избори. Секако не да побегнете, туку да најдете подобро решение.

Здравје: Обидувајќи се да останете во чекор со другите, заборавате на сопствениот ритам. Расподелете ги должностите со тимот и релаксирајте се повеќе. Диети.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: