Царовска: Сите фирми што побарале и ги исполниле условите за субвенции добиле пари

Царовска: Сите фирми што побарале и ги исполниле условите за субвенции добиле пари

Министерството за труд и социјална политика не може да исплати нешто за кое нема побарување. Сите фирми што побарале и ги исполниле условите  за субвенции добиле пари, рече министерката Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање околу доцнењето на субвенциите за работодавачи кои понудија плати повисоки од 18 илјади денари.

– Ние како МТСП не можеме да исплатиме нешто за кое немаме побарување. Обработката во УЈП имаше, период што беше потребен затоа што беше прва исплата и воспоставување на систем. На секој нов механизам му треба време за да се воспостави. Сето тоа се воспостави и се направија исплатите, тие редовно си течат, исто како што беа и субвенциите за минимална плата. И тогаш имаше 30 дена за адаптација на првата исплата додека да се направат сите функции и после тоа исплатата си тече редовно, појасни Царовска на отворањето на Дневениот центар за стари лица во село Извор.

Таа ги повика сите фирми што имаат потреба да аплицираат за субвенции бидејќи, како што рече, оваа мерка ќе тече во 2019 година.

На прашање за тоа дека Здружението на работодавачи покажало многу поголема бројка на компании кои побарале таква субвенција, министерката Царовска појасни дека оваа мерка е за сите компании што побарале и ги исполниле потребните услови.

– Ние тврдиме дека секој кој ги исполнил условите согласно законот и критериумите бил исплатан за тековниот месец. Можеби вториот месец се пријавиле повеќе, па така вториот трансфер ќе биде повисок. Значи секој што ги исполнил условите ќе добие субвенција без исклучок, потенцира министерката Царовска.

Споделување со вашите пријатели: