Владата одвои 20 милиони денари за индустриска зона во Куманово

Владата одвои 20 милиони денари за индустриска зона во Куманово
Владата одвои 20 милиони денари за индустриската зона во Куманово, кај Речица и Новине. Средствата ќе се искористат за уредување на земјиштето кое потоа ќе се нуди на потенцијални инвеститори.

Одлуката на Владата денеска ја поздрави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, кој се заблагодари на премиерот и останатите членови на Владата за одобрувањето на средствата наменети за инудстриската зона во Речица и Новине.

Димитриевски информираше дека со 20-те милиони денари кои ќе бидат трансферирани на наменска сметка на општината, ќе се искористат за парцелизирање на земјиштето, по што парцелите ќе бидат понудени на потенцијални инвеститори.

-Владата почна да му враќа на Куманово.Финанската поддршка од Владата ќе ја искористиме за градежни активности за парцелизирање на зоната, со што ќе стане атрактивна и ќе ја понудиме на инвеститорите -рече Димитриевски.

Зоната се наоѓа во близина на автопатот Табановце- Куманово и зафаќа површина од 60 хектари. Зоната е предвидена за мали и средни претпријатија.

Споделување со вашите пријатели: