Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Се чини дека пред вас е ново пријателство, а кое ќе ви донесе големо исполнување. Чекорите уверено и Месечината сугерира дека сте спремни да им се предадете на другите. После долг период на одрекувања, денес би можеле да се заљубите пријатели! Оставете ги сомнежите зад вас и завртете нов лист.

БИК: Каде и да појдете денес, околу вас ќе бидат нови луѓе или стари пријатели и ќе уживате во ова друштво - празниците се тука! Ќе треба да ги проширите своите хоризонти и одново да го погледнете светот. Прифатете ги сите покани и направете нови пријателски врски: не ги затворајте очите сега - смислете желби!

БЛИЗНАЦИ: Бидете пријатели и вратете го малку времето назад - така ќе ги надминете најдолгите ноќи во годината. Ќе сфатите каде сте избрзале: каде молчите кога треба да говорите и обратно, каде зборувате кога треба да молчите? Сега треба да знаете дека е добро да се разбудите од оваа илузија. Нема потреба од страв.

РАК: Можеби не сте расположени да си играте со зборови: кој и да се обиде нешто, ќе биде изненаден од жестината на вашиот одговор. Веќе не се плашите да проговорите за вистината - можеби ја немате потребната самодоверба за тоа, но сепак сметате дека сега е време да кажете што имате. Прогрес во работата.

ЛАВ: Еден кармички круг се одигрува во вашиот живот сега: го менувате своето однесување, чувствувајќи се сигурно и успешно со презентираните шанси. За осамените е можна нова љубовна врска, која е резултат на долго заведување. Во долгите врски е време за правење на нови заеднички планови. Среќни сте!

ДЕВИЦА: Зарем може нешто да му побегне на вашето извежбано око? Имате педантна природа која што не го дозволува тоа. Ќе работите на развивање на својот карактер, како и на обновување на старите контакти. Имате голем потенцијал и сега е време да ја покажете својата уметност. Почнете нова кариера. Романса.

ВАГА: Вашите водечки принципи денес се мирот и тишината: се чувствувате удобно во својата кожа и сега сте отворени за нови искуства. Внесете поголема имагинација во своите размислувања и чујте ги туѓите сугестии. На професионален план би можеле да бидете стресени од нешто - почекајте малку!

СКОРПИЈА: Како да сте одлучиле секој да појде на своја страна денес: потребна ви е поголема слобода и автономија. Затоа секој ќе си појде по својот курс, без да се грижи премногу за оној другиот. Не ѝ дозволувајте на меланхолијата да се провлече во професионалниот живот, нејзе не ѝ е местото тука. Бидете сигурни.

СТРЕЛЕЦ: Годините минуваат, а вие се прашувате до каде сте стигнале? Нема потреба да бидете толку окупирани со своите мисли, споделете ги со блиските. Не е нужно да се биде сомничав, сè ќе биде во ред! Што се однесува до работата, тука ќе се дадете целосно - тимска работа и добар дух, што ви треба повеќе? Напредувате.

ЈАРЕЦ: Прекрасни пресврти на повеќе полиња - слободни и весели правите нови друштвени контакти, а некои од нив ќе бидат обоени со романтични изливи на љубов. Среќни и самоуверени, убави како некоја мелодија, ништо не може да го попречи вашиот пат кон успехот. Напишете песна, ослободете се и креирајте.

ВОДОЛИЈА: Само вие знаете како може чудата да се остварат: саможртвувањето во име на туѓата среќа е голем чекор кон здобивањето на натчовечка мудрост. Постојат приказни кои што треба да ги разберете или да се поврзете со нив, за да се ослободите потоа. Дозволете му на срцето да избира со големо чувство за слобода.

РИБИ: Ако некои работи природно доаѓаат до својот крај, нема потреба да им давате вештачко дишење. Не барајте ги тајните ангели чувари, се чини дека и тие се збунети од Марс во вашиот знак. Свесни сте за сите сокриени работи и треба да одлучите какви влијанија носат овие случки. Ако дрвото веќе паѓа, повлечете се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: