Во бело и боси: Кардашијан ви ја честитаат Новата 2019

Во бело и боси: Кардашијан ви ја честитаат Новата 2019
САД- Семејството Кардашијан-Џенер од година во година има се покреативни и необични божиќни честитки, но годинешната ги изненади многу.

Клои Кардашијан ја сподели на Инстаграм честитката, 25 по ред оваа година, а на неа се најдоа четирите сестри Ким, Кортни, Клои и Кајли со децата, сите во бело и боси. Фали сестрата Кендал, која единствена во семејството нема деца и братот Роб. Годинава, ни мајката Крис Џенер не се фотографираше за божикната честитка.

 

Семејството десет години по ред има најгледано реално шоу во САД, Ким од Советот на модните дизајнери е прогласена за личност која најмногу влијаела со стилот на облекување и влезе во Белата куќа, а 2018 на Кајли и го донесе статусот најмлада милијардерка според „Форбс“ со заработени 900 милиони долари.

 

Споделување со вашите пријатели: