Горивата повторно поевтинуваат

Горивата повторно поевтинуваат
Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,13, односно за 1,83 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се родава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (D-ЕV) за 58, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 46,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,861 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 28,176 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,81 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,02 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Споделување со вашите пријатели: