Морбилите ја затворија градинката во Радишани

Морбилите ја затворија градинката во Радишани
Министерството за труд и социјална политика информира дека во следните 15 дена градинката „Ташко Караџа“ во скопската населба Радишани нема да згрижува деца, поради поголемен број заболени деца од морбили.

Забраната стапува на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба.

Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест. Исто така, Министерствто за труд и социјална политика ќе даде препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.

Споделување со вашите пријатели: