Во Крива Паланка собрани 73 единици крв

Во Крива Паланка собрани 73 единици крв
Вкупно 73 единици крв се собрани на денешната крводарителска акција, која се оддржа во спортската сала на општинско основно училиште „Јоаким Крчовски“, зграда Партизан во Крива Паланка.

Акцијата е последна за тековната 2018 година во организација на Црвен крст на Република Македонија-општинска организација Крива Паланка.

-Тим од петмина претставници на Институтот за трансфузиона медицина-Скопје заедно со волонтери на општинската организација на Црвен крст реализираат уште една, на мое задоволство исклучително успешна, крводарителска акција, која е воедно една од најефикасните годинава, со собрани 73 крвни единици. Со акцијата на која повторно покрај традиционалните, добивме и нови дарители што првпат даруваат крв, го заокружуваме Годишниот план за крводарување за 2018, со кој беа проектирани 711 крвни единици, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст-Крива Паланка.

Пешовски рече дека со сигурност по сумирање на резултатите од одржаните 20 акции за дарување крв оваа година, повторно ОО Црвен крст од општината ќе се вброи, како и во годините наназад, во најуспешните во државата.

Споделување со вашите пријатели: