Во Берово -10, во Скопје минус осум

Во Берово -10, во Скопје минус осум

Температури под нулата изутринава има во цела Македонија, а најниските се измерени во Берово -10 степени и во Скопје минус осум.

Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени.

Под влијание на влажен бран утре попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и во понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Споделување со вашите пријатели: