Бришкоска: Исказот на Нинџа е невистинит

Бришкоска: Исказот на Нинџа е невистинит
Билјана Бришкоска Бошковска денеска беше посочена од страна на Алексадар Василевски - Нинџа како една од инволвираните во настаните од 27 април при упадот во Собранието.

Нинџа во својот исказ пред судот рече дека Бришковска кажала дека не поминало првото сценарио и пратениците не си ја завршиле работата бидејќи не предизвикале тепачка.

„Потоа му се јави на Трајко Вељаноски и му рече да се отворат вратите од Собранието, додаде Нинџа.

Бришкоска Бошковска вели дека исказот на Нинџа го отфрла како неточен.

„Во врска со наводите пренесени во медиумите од сведочењето на обвинетото лице Александар Василевски, можам само да изјавам дека сум запрепастена од невистинитоста на исказот на сведокот кој се однесува на мене и целосно го отфрлам како неточен“, изјави Билјана Бришкоска Бошковска за Независен весник.

Споделување со вашите пријатели: