Давидовиќ: Ланецот на командување на 27 април од полициски станал партискополициски

Давидовиќ: Ланецот на командување на 27 април од полициски станал партискополициски
Ланецот на командување на 27 април минатата година од полициските се префрлил на партиските структури и од полициски станал партискополициски, истакна денеска адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот Александар Василевски Нинџа за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.

-Партиски структури на 27 април ја презеле командата од МВР заради заштита на некои свои интереси и некои свои политички права. МВР останала обезглавена и наместо полициски структури, командувањето на МВР се префрлило на партискиот врв, изјави Давидовиќ на паузата од денешното рочиште.

На прашањето дали може да му се верува на обвинетиот Нинџа или можеби тој дава таков исказ за да издејствува укинување на притворот, Давидовиќ потенцира дека Нинџа е меѓу ретките обвинети кои останаа во притвор иако, како што кажа, понудиле гаранција од 800.000 евра.

-Мојот клиент е се уште во притвор за разлика од сите други со понудена гаранција повисока од 800.000 евра. На 14 јуни 2018 година го даде истиот исказ пред обвинителството. Не постои овде пазар, туку приказната е иста, рече Давидовиќ.

Споделување со вашите пријатели: