Американската амбасада предупреди на можни терористички напади во Црна Гора

Американската амбасада предупреди на можни терористички напади во Црна Гора
Американската амбасада во Подгорица ги предупреди своите државјани на можни терористички напади во Црна Гора за време на претстојните празници.

„За време на празниците, безбедносните мерки во Црна Гора остануваат зајакнати поради заканите од меѓународни терористички групи и поединици ширум Европа, инспирирани од екстремистичка идеологија. Екстремистите продолжуваат да се фокусираат на туристички места, трговски центри, аеродроми, ресторани, верски објекти, транспортни места“, ги предупредуваат своите државјани претставниците на Американската амбасада.

Во соошштението се појаснува дека државјаните на САД се известени по меил, при што им се советува посебно внимание при посета на фестивали или масовни собири. Исто така, се советуваат уште еднаш да ги проверат своите лични безбедносни планови, да бидат свесни за својата околина и да ги следат локалните медиуми за да бидат свесни за новините.

Споделување со вашите пријатели: