Ермис Лафазановски македонски кандидат за „Балканика 2018“

Ермис Лафазановски македонски кандидат за „Балканика 2018“
Книгата „Туја“ од реномираниот македонски писател Ермис Лафазановски ќе биде националниот претставник за меѓународната книжевна награда  „Балканика 2018“.

На конкурсот, до организаторот, издавачката куќа „Магор“, пристигнаа уште шест книги:  „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља, „Океан од слики (раскази и каприча)“ на Томислав Османли, „Земја на бегалците“ од Кица Барџиева Колбе,  „Диссомнии“ од Игор Станојоски, „Божја честичка“ од Глигор Стојковски и „Последното име на иднината“ од Живко Гроздановски, од кои три влегоа во потесен избор.

Манифестацијата „Балканика“ годинава ќе се одржи во Букурешт, Романија, од 14 до 16 декември. Наградата ќе биде доделена од меѓународна стручна комисија од седум члена, со по еден претставник од секоја од државите членки, а претсeдател на жирито е професорот Ендрју Вахтел од САД.

Досегашни добитници на наградата од Македонија се Венко Андоновски со „Папокот на светот“ и Александар Прокопиев со „Човечулец“.

Фондацијата Балканика е основана во 1996 година, од релевантни издавачки куќи од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија. Седиштето на Балканика е во Софија, а претседател е писателот и издавач Николај Стојанов.

Споделување со вашите пријатели: