Најангажирана манекенка: Со Марјана до стабилна и сигурна пензија

Најангажирана манекенка: Со Марјана до стабилна и сигурна пензија
Манекенката и водителка Марјана Станојковска им носеше среќа и добивка на граѓаните со игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а сега ги советува пензионерите како до стабилна и сигурна пензија.

Најтрофејната македонска убавица на светските избори на убавина, во бела коктел-тоалета, сега е заштитно лице на кампањата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Згодна, маркантна, висока 175 см, со идеални пропорции 90-60-90, е меѓу најангажираните јавни личности. Како водителка, исто така, не се симнува од ТВ-екраните. Секогаш дотерана и на високи потпетици. Во последно време е ангажирана во областа на инфлуенсер-маркетингот како инфлуенсер на социјалните мрежи. (Л.С.)

 

Споделување со вашите пријатели: