Изложба на фотографии: Славните портрети на Надар

Изложба на фотографии: Славните портрети на Надар
Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија го најавуваат отворањето на изложбата на најзначајниот француски фотограф во 19 век и татко на современата фотографија, Надар,вечерва, во 20 часот, во Мала станица.

Изложбата, која е насловена „Славните портрети на Надар“, официјално ќе ја отворат Дита Старова-Ќерими, директорка на Национална галерија на Македонија, Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во земјава и Лор Верон, кустос во Музејот „Jeu de Paume“.

Гаспар-Феликс Турнашон (1820 – 1910) станува Надар на дваесетгодишна возраст, а особено е познат по портретите на големите мислители, писатели и уметници од тој период: Теофил Готие, Марселин Деборд-Валмор, Жерар де Нервал, Гистав Доре, Бодлер и многу други.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јануари 2019 година.

Споделување со вашите пријатели: