Нинџа распали: Упадот во Собрание беше командуван од штабот на ВМРО ДПМНЕ

Нинџа распали: Упадот во Собрание беше командуван од штабот на ВМРО ДПМНЕ
Упадот во Собранието на 27 април беше командуван од парамилитарниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, рече Александар Ваислевски - Нинџа во својата одбрана.

Пред упадот, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков му рекол на Нинџа да се упати во штабот на ВМРО ДПМНЕ.  Од таму, насоки како да се делува по телефон ги давале поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришкоска која комуницирала со тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски кои комуницирале со Богдан Илиевски - Бетмен велит, а насоки давал и Кирил Божиновски и Митко Чавков кој комуницирал со Митко Пешов.

Во штабот во ВМРО-ДПМНЕ бил и Борис Јосифовски од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов кој велел дека во секој момент може да се прогласи воена состојба. Сепак воена состојба не била прогласена под притисок на странскиот фактор во Кабинетот на претседателот. Во штабот во ВМРО ДПМНЕ Нинџа рече дека не бил присутен Мијалков.

Во својата одбрана тој рече дека водачите на иницијативата За заедничка Македонија, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Игор Дурловски биле контролирани и плаќани од ВМРО ДПМНЕ.

Ф.Ф.С.

фото: Б.Грданоски

Споделување со вашите пријатели: