Лепа Брена доаѓа во Скопје

Лепа Брена доаѓа во Скопје
Балканскиот феномен Лепа Брена денес доаѓа во Скопје, на прес , за концертот што ќе се одржи на 15 декември во ВИП Арената, во организација на „Прагма продукција“.

Таа е актуелна со албумот „Зар је важно дал се пева или пјева“, по кој е насловена новата турнеја. Во спотот за оваа песна, Брена носталгично се сеќава на Југославија и на времето на снимањето на филмовите “Хајде да се волимо“. Драган Бјелогрлиќ, Никола Којо, дел од членовите на нејзината група „Слатки грех“ се дел од спотот, како и неколку познати босански актери.

На концертот во Скопје, Лепа Брена ќе настапи со специјален микрофон. Српските медиуми пишуваат дека нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ ја израдувал со нов микрофон вреден 30.000 евра, кој што го имаат уште  вкупно девет пејачи на целиот свет.

Споделување со вашите пријатели: