Вардар подобар од Металург во македонското дерби на СЕХА легата

Вардар подобар од Металург во македонското дерби на СЕХА легата
Македонскиот првак Вардар го победи Металург на гостински терен со 26-27 (13-11)  во македонското дерби на СЕХА-лигата, одиграно во СЦ „Борис Трајковски“.

Тимот од Автокоманда долг период беа рамноправен ривал, во второто полувреме имаа и плус четири предност (16-12), но на крајот пресуди искуството на Вардарци. Металург имаше шанса за реми, но Александар Шпенде со звукот на сирената не успеа да реализира.

Кристопанс, Дисингер и Чупиќ со по пет погодоци беа најпрецизни во екипата на Вардар, кај Металург пак со шест гола се истакна Шпенде.

Вардар е лидер во СЕХА-лигата по десет кола, откако има осум победи и два пораза. Металург е на деветтото место.

Споделување со вашите пријатели: