Витцел: Правиме се што можеме, за да ја прекинеме серијата на Баерн

Витцел: Правиме се што можеме, за да ја прекинеме серијата на Баерн
Борусија Дортмунд ќе се обиде да ја задржи предноста во германското првенство до зимската пауза, но се уште е рано „жолто-црните“ да мислат за титулата, изјави играчот за врска Аксел Витцел.

– Јасно е дека не сакаме да го предадеме првото место пред крајот на полусезоната, откако тргнавме толку добро во првенството. Звучи како клише, но не е во наша корист да зборуваме за титулата како цел. Едноставно сезоната е премногу долга и останува многу до крајот, изјави белгискиот репрезентативец пред „Спорт Билд“.

Борусија нема пораз од почетокот на годината и има предност од седум поени на врвот. Тимот од Дортмунд дури е со девет бода пред шампионот Баерн Минхен, кој е четврти. До паузата остануваат четири круга.

– Баерн стана шампион шест пати по ред. Правиме се што е во наша моќ за да ја прекинеме оваа серија. Ако се разбудат и влезат во серија, сè ќе се промени многу брзо, додаде Витцел.

Споделување со вашите пријатели: