Мијалков останува во Шутка

Мијалков останува во Шутка
Кривичниот совет ја одби жалбата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и тој останува во итражниот затвор во Шутка.

Судиите оцениле дека постои опасност Мијалов да избега и да влијае врз сведоци и го потврдија решението на судија на претходна постапка кој му одреди притвор за случајот „Империја“.

Вчера беше одржана јавна седница и се разглeдуваше жалбата на Мијалков со која бараше да излезе од притвор. Него прво му беше одреден притвор за масовното прислушување, но потоа СЈО побара укинување на притворот за „Таргет - тврдина“ и судот на барање на СЈО му одреди 30-дневен притвор за случајот „Империја“.

Споделување со вашите пријатели: