Судењето за смртта на малата Тамара одложено за следната среда

Судењето за смртта на малата Тамара одложено за следната среда
На 12 декември ќе продолжи рочиштето за смртта на Тамара Димовска од Велес во кое се обвинети членовите на Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле, односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ.

На барање на одбраната денеска беше прекинато судењето со образложение дека доказите кои ги презентираше обвинителката се нецелосни, бидејќи беа читани само насловите. Тие побараа појаснување за секој доказ што ќе биде изнесен пред судот. Судијата Марин Станевски и наложи на обвинителката да се подготвои за следното рочиште и детално да ги објасни доказите.

Пред почетокот на судењето одбраната побара објаснување од Судот зошто за обвинетата Елена Трпкоска, за која е издвоено судењето поради нејзината здравствена состојба, вчера се одржало прво рочиште.

Адвокатите на обвинетите побараа Судот да се произнесе за спојување на постапката, со образложение дека се работи за исти докази и оти се сомневаат за издвојувањето и причините за тоа, како и доколку не се спои постапката да ја добијата целосната документација од водењето на тоа рочиште.

Малата Тамара Димовска почина во 2015 година.

Споделување со вашите пријатели: