Oтворена ПЗУ „Еуроиталиа“

Oтворена ПЗУ „Еуроиталиа“
Вчера попладне свечено беше отворена  ПЗУ „ЕУРОИТАЛИА“ во општина Петровец. Прв човек на оваа болница е италијанскиот бизнисмен Алберто де Лука, кој повеќе од 30 години инвестира во медицинската сфера.

На отворањето беа присутни многу лица од медицината, како министерот за здравство, Венко Филипче, познати доктори, амбасадорот на Италија во Македонија и други лица од здравствениот сектор. На обраќањето, инвеститорот Де Лука посака успешна работа на болницата.

 „Се надевам дека тоа што го имам создадено во Италија, ќе го донесам и во Македонија. За тоа ќе биде потребна соработка од медицинскиот кадар и верувам во успех на оваа болница“, рече Де Лука.

Отворањето на болницата го поздрави и министерот Филипче, кој како што рече, се надева дека Де Лука ќе биде отворен за партнерство.

„Отворањето на оваа болница е добар знак за медицината во Македонија. Му ја честитам инвестицијата на Де Лука и верувам во партнерството“, истакна Филипче.

На ова отворање беше и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Тој испрати молитва за оваа болница да работи добро и успешно.

Споделување со вашите пријатели: