Тајланд: Уапсен војник силувал повеќе од 70 адолесценти

Тајланд: Уапсен војник силувал повеќе од 70 адолесценти
Полицијата на Тајланд денеска го уапси војникот Џакрит Комсинг (43), инфициран со ХИВ вирус, кој уценувал и силувал повеќе од 70 машки адолесценти.

Полицијата соопшти дека добила пријава, во која се наведува дека осомничениот користел лажни профили на социјалните мрежи и апликации за запознавање на припадници од ЛГБТ заедницата, за да создаде доверба кај жртвите и тие да му испраќаат свои разголени фотографии пред да се сретнат со него.

Потоа им се заканувал дека ќе ги објават тие фотографии ако одбијат да имаат секс со него.

Полицијата соопшти дека  во домот на осомничениот пронашла лекови за заболени од ХИВ и додаде дека тестот потврдил дека бил заразен со вирусот.

Споделување со вашите пријатели: