Претседателот на ЕПП се сретна со Тодоров, Александрова и Богојески

Претседателот на ЕПП се сретна со Тодоров, Александрова и Богојески
По Конгресот на ЕПП во Хелсинки претседателот на ЕПП, Јосеф Дол се сретна со ексминистерот Никола Тодоров, пратеничката Емилија Александрова и разрешениот заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ ,Петар Богојески.

Дол на неговиот фејсбук профил објави слика со избрканите членови од ВМРО-ДПМНЕ и напиша дека ги поканил да дискутираат за политичката ситуација во Македонија.

„Сите закани да престанат веднаш. Договорот претставува важен чекор кон исполнувањето на евроатлантските аспирации на македонскиот народ. ЕПП ги поттикнува нашите земји-членки, да продолжат да играат конструктивна улога во парламентот, со цел да ги одбранат нашите вредности и да ја направат владата одговорна. Сите членки на ЕПП мора целосно да ја спроведат внатрепартиската демократија, да ја почитуваат слободата на мислата и да ги бранат нашите вредности и принципи“, напиша Дол.

Уште рано сабајле со исклучените имаше средба и еврокомесарот Јоханес Хан, а потоа и како што го нарекоа „новиот можен премиер“ на ЕК, Манфред Вебер.  Главната порака од средбите беше до лидерството на ВМРО ДПМНЕ да не го кочи Преспанскиот договор и да престанат сатанизирањата на тие што гласаа за уставните промени.

Споделување со вашите пријатели: