Движењето „Македонија блокира“ пред домот на Муковски

Движењето „Македонија блокира“ пред домот на Муковски
Припадинци на Граѓанското движење против уставните промени „Македонија блокира“ вечерва  од пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани ги почнаа своите најавени протести пред домовите на пратениците од опозицијата кои гласаа за потребата од уставни измени.

Во нивно име се обрати Филип Петровски од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ кој го прочита писмото што му беше врачено на Мукоски во кое го повикуваат да не подлегне на притисоците, да ја смени одлуката  и да не спроведува одлуки за кои нема добиено мандат од граѓаните.

– И вас и нам ни е јасно дека македонскиот народ не поддржува вакво срамно и насилничко менување на името, бришење на АСНОМ, бришење на идентитетот и нашата културна и историска посебност. На референдумот народот си го кажа своето мислење и тој став вие сте должни да го почитувате. На сите ни е јасно дека бевте изложени на притисок и закани кои не успеавте да ги издржите. Дел од вас беа пуштени од домашен притвор самиот ден кога требаше да се гласа почеток на процедурата. Тоа го нема никаде на друго место во цивилизираниот свет. Државата со вакво владеење се претвори во пример за потсмев и секаде сме посочувани како „ненормална“ држава. Вие се уште имате можност да се издвоите и да се издигнете над сето тоа, рече Петровски притоа охрабрувјаќи ги да ги сменат одлуките да не гласаат за уставните промени ветувајќи дека народот ќе ги чува.

Протестниот собир пред домот на Мукоски во Вевчани мина мирно без инциденти. Неколку претставници на движењето отидоа во домот на пратеникот Мукоски кој ги пречека и ги покани да влезат внатре на разговори. На останатите учесници на протестниот собир полицијата не им дозволи пристап.

Движењето најави дека писмо со иста порака во сабота ќе достават и до пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов во Охрид.

Споделување со вашите пријатели: