Мендеш: Роналдо го зголеми рејтингот на Јувентус

Мендеш: Роналдо го зголеми рејтингот на Јувентус
Агентот на Кристијано Роналдо, Жорже Мендеш, смета дека Португалецот значително го зголемил рејтингот на италијанскиот шампион Јувентус.

Ѕвездата на светскиот фудбал се пресели кај „бјанконерите“ во текот на летото со трансфер од Реал Мадрид.

– Мислам дека Роналдо оваа година ќе ја освои „Златната топка“. Тој се справува многу добро. Кристијано е најдобриот од неговата генерација и најдобар во историјата на фудбалот. Доволно е да се види како Реал играше пред и како игра во моментов. Истото може да се каже и за Јувентус. Тимот стана многу посилен, прокоментира Мендеш.

Споделување со вашите пријатели: