Трет тендер за субвенциониран авиопревозник

Трет тендер за субвенциониран авиопревозник
По два неуспешни огласи за избор на авиокомпанија која ќе биде субвенционирана за да обезбеди евтини летови, Владата најави трет. На вчерашната седница, Владата ја усвоила новата уредба со која се поместува рокот за воведување нови авиолинии.

„Да, ова е трет јавен повик за избор на авиокомпанија која ќе добие финансиска поддршка. Овој пат ги олеснивме условите, така што авиокомпанијата треба да воспостави две нови авиолинии од Скопскиот и две од Охридскиот аеродром до 26 март 2019 година. Претходниот рок беше 10 јануари“, информираше владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Останува непроменет условот субвенционираната авиокомпанија да воведе уште два нови лета од Охридскиот аеродром во рок од една година од потпишување на договорот.

Од Министерството за транспорт и врски најавуваат дека јавниот повик ќе биде објавен наредната недела.

Новата тригодишна помош ќе изнесува 5 милиони евра. Унгарскиот авиопревозник „Визер“, во два циклуса од по три години, доби финансиска помош од 9,5 милиони евра. Воспостави 30 линии до 14 земји.

Споделување со вашите пријатели: